Митева: Што бараат луѓе од шеста управа на местото на сообраќајката кај Стража и кој се обидува да го сокрие Кичеец?
Учесник во денешната сообраќајка на патот Скопје - Охрид пред Стража е и Зоран Милески Кичеец, лице кое моментално треба да се наоѓа во затвор.
Согласно информации од медиумите и фотографиите кои се најдоа во дел од нив, покажуваат дека Кичеец наместо во затвор се шета на слобода низ улиците на државата.
Во сообраќајката која според досегашните информации резултирала со смртни последици за две лице и шест повредени, учествувале три возила, меѓу кои и возилото на Зоран Милески Кичеец. Од фотографите во медиумите јасно се гледа Кичеец е дел од сообраќајната незгода.
Кичеец е осуден во предметот Рекет, целата македонска јавност го виде како ги носи рекетираните милиони во Луј Витон ташна.
Кичеец е човекот за кој слушнавме и дека го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ Дака во случајот ШИК Јелак, каде на контроверзниот српски бизнисмен му се земени 300.000 евра според негови зборови кои се слушнаа од снимките пуштени во јавноста. Кичеец омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода.
Согласно информациите кои ги поседуваме на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес.
Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот?
Ова е уште еден доказ почитувани граѓани, за целосната криминализираност на системот на власта.
До кога врвот на власта ќе штити криминалци?
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка