Митева: Порастот на цените е огромен, цехот го плаќаат граѓаните
Економски колапс, висока инфлација и пораст на цените е политиката која ја води СДС и ДУИ. Во Македонија се профитира на грбот на граѓаните, а власта нема никаков план иако е директно одговорна да го спречи или во најмала рака да го ублажи порастот на цените.
Токму оваа власт на СДС и ДУИ до пред некое време имаа т.н алиби дека сето ова се случува поради надворешните фактори односно заради порастот на цените на струјата, на гасот, на нафтата и на репроматеријалите. И тогаш лажеа, но денес кога економските прилики покажуваат дека цените вештачки се зголемуваат повторно недостига улогата на државата која има обврска да го спречи ваквиот ценовен шок. И ако сакаат, ако умеат и знаат тоа можат и треба да го сторат веднаш.
Но, сепак прстот го вперуваат на сите други економски чинители само не во нив. Денес виновни се трговците, претходно виновни беа производителите, па едно време ги обвинија и граѓаните дека креираат паника. А напротив, токму власта на СДС и ДУИ е единствениот виновник за економската состојба во Македонија.
СДС и ДУИ профитираат и се богатат, а цехот го плаќаат граѓаните. Нема никаква помош од државата, нема покачување на платите, нема намалување на инфлацијата, но затоа секојдневно имаме власт која е заглавена во криминал и корупција.
Ова мора да запре, единственото решение се избори за подобра иднина и промени!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети