Митева: Каевски да одговори како го стекнал имотот во 2020 година
Добро познатиот стил на СДСМ со закани за тужба е повторно на сцена. Како млади политичари сум силно уверена дека е потребно е да сме поконструктивни од испраќање закани за тужби.
Дарко Каевски преку социјалните мрежи побара јавно да се извинам за вчера поставените прашања, а доколку тоа не се случи изјави дека ќе поднесе тужба. Дејствијата на клевета не треба да ги користите како средство за задушување на дебатата или пречка за јавните личности да се повикаат на отчетност.
Нејсе, ќе продолжам со некои други факти. Додека Дарко Каевски е на функција, фирмата ГЕО КАЕВСКИ добива десетина тендери од државни институции, органи на локална самоуправа и јавни претпријатија.
Во текот на 2018 година фирмата ГЕО КАЕВСКИ од општина Велес и општина Желино добива по еден тендер во вкупна вредност од 808.000 денари. Бизнисот тргнува во 2019 година, кога со 4 тендери, преку општините Велес и Желино, Полошкиот плански регион и ЈП Водовод и канализација инкасирал 9.748.000 денари.
И 2020 година е нешто слична за ГЕО КАЕВСКИ, кога од вкупно 7 тендери од општините Велес, Желино, Липково и Ранковце, како и од Полошкиот плански регион, ЈП Дрисла и ЈП Водовод и канализација, земала 8.351.173 денари.
Ова се извадоци од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, кои го докажуваат тоа.
Од овие тендери, фирмата ГЕО КАЕВСКИ добила над 18 милиони денари, односно 300.000 евра за само три години.
Дали е ова начинот на кој се богатат функционерите на СДСМ, кои додека извршуваат функција, нивни блиски земаат тендери во вредност од неколку милиони денари?
Дарко Каевски е должен да одговори! И да, господине Каевски, јавноста има право да знае како е стекнат имотот, за што се извинувам јавно дека не станува број за скоро 170, туку за прецизни 152,5 метри квадратни станбена површина запишана во анкетен лист за 2020 година. Тоа е овој анкетен лист од каде се добиени податоците.
Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Како реагираат засегнатите, за кои е наменет шестиот пакет економска помош?
-
Виенски економски институт: Во Македонија има прилив на мозоци
-
Ако не ги добијат субвенциите на протест излегуваат и сточарите
-
Спортската сала Билјанини извори ќе стане регионален вакцинален центар
-
Царовска тврди дека реформите во образованието се неопходни
-
Институтот „Торлак“ станува стратешки партнер за набавка на вакцини, 15.000 Македонци до сега примиле вакцина во Србија
-
Владата го објави шестиот пакет мерки за помош
-
Угостителите на протест бараат неповратна помош, туристичките агенции продолжување на рокот за ваучерите