Митаракис ги повика Грците да покажат солидарност за бегалците
Грција да ја покаже солидарноста што ја покажува Европската Унија за бегалците кои треба да бидат релоцирани, побара министерот за азил на Грција Нотис Митаракис, по острите реакциите од локалното население во градот Камена Вурла, кои се против привременото сместувањето на 39 деца бегалци без придружба.
-Во соработка со земјите членки на Европската Унија, нашата земја започна амбициозна програма за релокација на ранливи групи, семејства и деца без придружба. Во рамките на оваа програма некои бегалци се префрлени во хотели во континентална Грција, каде што ќе останат неколку седмици додека да бидат издадени нивните документи. Треба целата земја да покаже солидарност, како солидарноста што ја покажува Европската Унија во релокацијата на малолетните деца, рече Митаракис.
Пораката од министерот доаѓа по реакциите од локалното население, откако во средата, во Камена Вурла, во централниот дел на Грција пристигнаа 39-те деца бегалци без придружба, за привремено да се сместат во хотел изнајмен од невладина организација. Локалното население одржа протести, блокираше улици, а синоќа, според медиумите, спречиле автобус со храна за децата да стигне до хотелот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство