-->
-->
Мистериозна смрт во Сараево - Му извадиле заб па починал
-->
Во понеделникот на 21 декември, во болница во Сараево почина Сеид Хукара на 46-годишна возраст. Тој зад себе ги оставил својата сопруга Аида, ќерките и синот, како и неговите внуци.
По веста за неговата смрт следуваше вистински шок во Сараево откако се дозна која е причината за Сеид повеќе да го нема. Како што пренесуваат босанските медиуми, пациентот на Клиника бил донесен за да извади заб. Тој имал силно крварење од забот, а откако му го извадиле истиот, почнала да му тече крв и од носот. Лекарите не можеле да го сопрат обилното крварење, па пациентот за жал починал.
Извор за порталот Вијести.ба, наведува дека кобната интервенција ја направила стажантката А.С. иако дежурен лекар во моментот бил Е.И. Докторот наводно не се појавил, па тешкиот зафат го извела помладата стажантка, која била немоќна.
Инаку, иако е тоа ретка појава, компликации по вадење на заб може да има, а некогаш може да доведат и до кобен исход.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец