Македонија
27. September 2018 - 15:08

Процесот за одржување и спроведување испити за возачи продолжува Авто испитен центар

Авто испитен центар ДООЕЛ Скопје е новиот испитен центар за одржување и спроведување испити за возачи.

Од АМСМ Испитен центар информираат дека по завршување на лиценцата за работа  списоците и активните досијеа им се предадени на новиот испитен центар  (АВТО ИСПИТЕН ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје) и  дека процесот на работа продолжува таму.

АМСМ ја поседуваше лиценцата до 13 август 2018 година.