Мистериозна смрт на манекенка: Многумина сметаат дека е убиена или отруена

Руската манекенка Влада Џјуба (14) која одеднаш умрела за време на тримесечен ангажман во Кина најверојатно е убиена, покажуваат наодите од аутопсијата во Москва.
Девојчето било на насловните страници на медиумите ширум светот поради наводната смрт предизвикана од исцрпеност, менингитис и сепса.
Нејзиниот случајпрвично во медиумите е окарактеризиран како класична експлоатација на млади манекенки, бидејќи во Кина работела без здравствено осигурување.
Сепак, првичните резултати од аутопсијата покажуваат дека во нејзиното тело се пронајдени траги од мистериозен „биолошки отров“.
– Можеби ја каснал некој смртоносно отровен инсект, можно е да изела нешто, или намерно да е отруена, навел извор од истрагата за руските медиуми.
Се уште не е откриено кој отров е во прашање. Познато е дека Влада се жалела на замор и поспаност.
Руските истражувачии ги испитувале родителите на девојчето, две руски модни агенции, а побарале и помош од кинеските власти.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
