Свет
4. јуни 2018 - 14:32

Мистериозна пламена топка падна од небо: Мислеле дека се урнал авион, а кога тргнале во потрага следувал шок

Локален фармер кој живее во близина на градот Отсдала на северозападот од Јужноафриканската републиак сподели снимка од безбедносна камера на која се гледа удар на метеорит во земјата.

Според неговите зборови во саботата во 18.49 часот по локално време, луѓето наводно виделе „светлина“ која паѓа од небото и на почетокот мислеле дека е во прашање пад на авион.

Фармерот рече дека сите отишле заедно да бараат, но набрзо потоа добиле снимки и виделе дека е во прашање метеорит.

Можно е истиот метеор да го „запали“ небото во Кина претходно во саботата навечер.

Имено, сведоците останале зачудени од заслепувачката светлија која набрзо примила форма на „пламена топка“ над кинеската провинција Јунан, а Опсерваторијата на Кинеската академија на науките соопшти дека во прашање  е метеор.

Корисниците на социјалните мрежи исто така го споменуваат метеоритот кој е открие и доби привремено име - ZLAF9B2 - кој, како што се исзвестува, влегол во атмосферата преку Боцвана.

Според зборовите на физичарите и радио астрономот на ВЛБИ, Маршал Еубанкс, ова е редок случај метеор да е откриен пред удар.