Живот
18. March 2019 - 11:32

Мистериозен маж лутал низ Сарагоса со пенисот во пластична кеса: Луѓето избезумени гледале во неговите крвави панталони

Маж од Велика Британија е виден како лута по улиците на познатото шпанско летувалиште со ампутиран пенис во пластична кеса, а шокираните минувачи ја преплавија полицијата со повици.

32-годишникот кој веќе некое време живее во Сарагоса, ја потресе тамошната јавност кога со отсечен пенис во кеса одел по улиците на градот во крвави панталони.

Откако е одведен во болница, им рекол на полицајците дека сам себеси си ја отсекол машкоста.

Како што пренесуваат медиумите, тој преку една социјална мрежа со денови барал некој кој ќе го сними како ја спроведува бизарната замисла во дело.

Истражителтие заклучиле дека си го отсекол својот орган, но се уште не се сигурни дали бил под влијание на дрога или имал проблем со менталното здравје.

Локалните извештаи велат дека операцијата за повторно поврзување на пенисот на мажот била испешна, но не е познато дали сите функции му се витални.

Идентитетот на мажот не е откриен.