Мистерија: Кога го отвориле ковчегот, имале што да видат внатре
Археолозите од Лунд го отворија ковчегот на бискупот од 17.век и затекнаа необјаснета мистерија.
Бискупот Педер Винстрап живеел од 1605. до 1679. година. Во 1679. година на свои 33 години е избран за Бискуп на Лунд, шведски град во провинцијата Сканија.
Денеска е славен, не толку поради историските околности во кои живеел, толку поради специфичниот погреб, кој успеал да го зачува телото на бискупот од гниење.
Научниците шпекулираат дека зачуваноста на телото е предизвикана со тоа што е погребан во зина, заедно со поголемото количество масен материјал кој го успорил процесот на пропаѓање. Но тоа не е се, зошто со бискупот е погребана една мрачна тајна. Имено, под неговите нозе, археолозите пронашле остатоци од 5-месечен фетус. Приказната за ова откритие е целосно непозната.
Универзитетот во Лунд, чие основање го финансирал Винстрап, ќе направи ДНК тест за да се утврди дали остатоците се во крвна врска. Додека не се откријат резултатите, нема да се дознае што всушност се случило.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата