Мисајловски заедно со припадниците на македонската Армија во операцијата EUFOR-ALTHEA

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево ги посетил припадниците на македонскиот контингент во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР Алтеа, при што се информираше за нивниот ангажман и придонес кон безбедноста и стабилноста на земјата.
Како што информираат од Министерството за одбрана, на средбата со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу, министерот го истакнал значењето на оваа операција за безбедноста на регионот, укажувајќи дека нашата држава речиси две декади континуирано придонесува кон напорите на Европската Унија за одржување на безбедна и стабилна Босна и Херцеговина.
Во Сараево, министерот се сретнал и со припадниците на македонскиот контингент интегриран во рамки на единица од Турција, како и со македонскиот претставник во командата на ЕУФОР. На средбата, Мисајловски им честитал за „високото ниво на професионализам, ангажман и подготвеност“, истакнувајќи дека токму нивната работа е најдобар пример за партнерство и доверба меѓу земјите кои придонесуваат во оваа операција.
-Горд сум на секој наш припадник кој учествува во операцијата Алтеа. Вашиот придонес не е само во функција на мирот и стабилноста во БиХ – тој е силна порака за нашата заложба како држава, за нашата посветеност на европските безбедносни политики и за нашата улога како кредибилен партнер во меѓународните мисии, истакнал Мисајловски.
Нашата држава ќе продолжи активно да придонесува кон зацврстување на безбедноста на регионот – преку учеството во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина и НАТО – мисијата на Косово, заклучил министерот, и додаде дека на тој начин ја одржуваме долгорочната стабилност во регионот и безбедноста на сите наши граѓани.
Припадниците на македонската Армија во операцијата ЕУФОР – Алтеа учествуваат од 2006 година. Во моментов во рамки на операцијата учествуваат 33 армиски припадници.
Во базата „Бутмир“ во Сараево, Мисајловски положил цвеќе на спомен обележјето на припадниците на македонската Армија кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, а кои беа дел од оваа мисија.
MИА
Ново на Сител
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
-

Последните месеци на Дејвид Боуви опишани во новата биографија
-

Oтстранети шаторите пред српскиот Парламент, Вучиќ најави парламентарни избори следната година
-

Фон дер Лајен: Европа е подготвена да работи со Украина и САД за консолидирање на напредокот во мировните преговори
-

Интер ја победи Аталанта и се искачи на првото место во Серија А
-

Кина почна нови воени вежби околу Тајван
