Мисајловски во Брисел на министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО

Во Седиштето на НАТО во Брисел денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници, соопштија денеска од Министерството за одбрана.
На состанокот министрите за одбрана се осврнале на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдиле определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни оваа година, особено во контекст на интензивниот развој на способностите и капацитетите, како и во однос на инвестирањето во одбраната.
Воедно, министрите се согласиле дека Алијансата и земјите-членки се целосно посветени на одбраната и одвраќањето, како и на заштитата на секоја педа сојузничка територија.
-Министерот Мисајловски даде целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата, истакнувајќи ја важноста регионот на Западниот Балкан да остане мирен, стабилен и безбеден. Мисајловски порача дека нашата земја останува целосно посветена на придонесот кон колективната безбедност, имајќи го предвид придонесот во мисијата КФОР на Косово и учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија. Министерот пред колегите од земјите-членки порача дека македонската Армија засилено се опремува и модернизира, како и дека земјата има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и безбедноста, согласно одлуките од Самитот на НАТО во Хаг, се вели во соопштението од МО.
На состанокот на Советот НАТО – Украина, на кој учествува и Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас земјите членки на НАТО ќе ја потврдат определбата за континуирана, долгорочна поддршка за Украина.
Во рамки на денешните активности во Седиштето на НАТО, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанок на Контакт Групата за Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
