Мисајловски: Неспособната власт на СДСМ ниту умее, ниту знае како да ги доврши веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ

Економијата тоне, а градежништвото е во слободен пад. Оваа неспособна власт ниту умее, ниту знае како да ги доврши веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак планира да започне нов капитален проект во инфраструктурата, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој посочи дека договорот за автопатот Демир Капија – Смоквица заврши, а автопатот не е пуштен во употреба, иако потпишаа нов анекс со нов рок за градба и нов рок за надзор и тој не го исполнија.
-Доколку за скоро една година не можат да завршат и да пуштат во употреба завршен автопат може да претпоставиме што ќе се случува со останатите проекти. Ние ќе ги охрабриме барем малку да се фатат за работа за да можат граѓаните да ги видат придобивките од европскиот автопат Демир Капија – Смоквица и секако да го пуштат во употреба. Трагично е што градежништвото е во пад од околу 20%, проектите се застанати, а нови проекти нема. Ветувањето на СДСМ за 600 километри нови автопати ќе биде уште една голема лага како и сите други нивни ветувања, вели Мисајловски.
Според него ова дефинитивно е најнеспособната влада во нашата историја која нема никаков капацитет ниту за нови проекти, ниту пак за реформи во било која област.
-Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат. Се надеваме дека оваа влада ќе се разбуди и ќе се фати за работа, бидејќи само така граѓаните ќе видат придобивки, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
