-->
-->
Мисајловски и Костадиновски мегу земјоделците од Чешиново Облешево
-->
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, денеска имаа средби со оризопроизводителите во општина Чешиново Облешево.
Мисајловски и Костадиновски посетата на оризопроизводителите ја искористија за да се запознаат со состојбата на терен со поплавените оризови ниви полни со род, како и со излеаните речни корита на Кочанска и Злетовска река.
- Бев информиран дека т.н.Бугарски канал кој служи за одводнување веќе попуштил и направил големи штети на оризовите полиња, истакна Костадиновски и информира дека по согледаната состојба ќе ја информира Владата и Министерството за да се превземат соодветни решенија за обезбедување на механизација за завршување на жетвата и собирање на родот од полињата.
Министерот за транспорт и врски Мисајловски по посетата на терен и со запознавање на фактичката состојба изјави дека ќе се обезбеди дополнителна механизација за земјоделците за да ја завршат својата работа во поле.
- Ги утврдивме критичните места што беше неопхопдно. Владата на општините од државата додели 700.000 литри нафта за чистење на каналите и речните корита, рече тој.
Градоначлалникот на општина Чешиново Облешево Костадин Личков, кој ги придружуваше министерот Мисајловски и заменик министерот Костадиновски на терен, истакна дека најкритична е состојбата со пукањето на Бугарскиот канал кај Спанчево и излеаните Кочанска река во Облешевско и Злетовска река кај село Уларци. Според него, голем дел од површините на кои не е собран родот од ориз се под вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
-
Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
-
Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци