Мисајловски: Апсењето на Јакимовски е политички прогон
Право и правда во Македонија веќе не постојат. Институциите во целост се ставени во служба на власта. Се злоупотребуваат и законите и сите државни ресурси за политичка пресметка со сите кои мислат поинаку.
Зоран Заев и Стево Пендаровски се исплашени од граѓаните. Паниката е толкава што СДСМ, денес, на еден месец пред претседателските избори реши да го апси лидерот на една од поголемите опозициски партии. Денешното апсење на Стевче Јакимовски е политички прогон и обид за заплашување на опозицијата.
Тие знаат дека ќе ги загубат претседателските избори и затоа монтираат судски процеси и апсат секој што може да им се спротивстави.
Ваквото однесување на Зоран Заев има две цели. Да испрати порака дека тој може да направи што сака и дека сите треба да му се плашат без да помислат да се спротивстават и втората цел да се сврти вниманието од сите предавства, криминали и непотизам на власта кои секојдневно ги гледаме.
Единствена причина што после две години власта апси и прогонува е затоа што очајно губат, па мислат дека со злоупотреба на институциите и со малтретирање на оние кои мислат поинаку ќе се задржат нешто повеќе на своите функции.
Апсењето на Јакимовски е монтиран прогон, исто како што е и случајот 27-ми април, каде десетици професионалци од безбедносните служби и граѓани патриоти се соочија со драконски казни за дело кое воопшто и не го сториле.
ВМРО-ДПМНЕ ја уверува и власта и граѓаните, дека за сите овие монтирани судски процеси и прогон кој го врши врхушката на власта и нивните извршители низ институциите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Република Македонија.
Постапувањето на секој поединец ќе биде анализирано и процесуирано.
Секој еден кој врши политички прогон и е маша во рацете на власта мора да знае дека одговорност ќе има. Ниту еден криминал нема да остане неказнет. Правдата ќе победи.
Ново на Сител
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици