Гутереш: Прекинете со лошите инвестиции во фосилните горива

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска на конференција за климатски промени во Бон, ги повика владите на земјите од целиот свет да ја одредат цената на емисиите на јаглерод диоксид, со цел да помогнат во борбата против глобалното затоплување и да ги прекинат лошите вложувања во фосилните горива.
Обраќајќи им се на високите претставници на речиси 200 земји и територии на собирт во Бон,, Гутереш наведе дека преминот кон почисти извори на енергија, нема да го отежни економскиот раст, туку ќе го поттикне.

- Ги повикувам владите да ја одредат цената на јаглеродот со цел да се пренасочат емисиите и да се охрабри трговијата со јаглерод, како начин да се ограничат емисиите, апелираше Гутереш
На конференцијата во Бон, што запона на 6 ноември и завршува в петок, се разговара за деталите на Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, кој има за цел да ја заврши ерата на употреба на фосилни горива во текот на овој век.
Ново на Сител
-

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар
-

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела
-

МВР пресече транспорт на марихуана
-

Мицкоски за протестот на ССМ: Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март
-

Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница
-

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
