Мирно и без инциденти на комеморативниот собир во Нови Сад

Мирно и без какви било инциденти помина денешниот комеморативен собир во Нови Сад на годишнината од загинувањето на 16 луѓе по пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад. На собирот беа илјадници луѓе од цела Србија. Во текот на целиот ден, во сите протестни зони во Нови Сад владееше тишина, без слогани.
Студнентите во блокада по 16-минутната тишина и вечерва објавија дека комеморативниот собир е завршен и упатија порака – „Се гледаме утре и секој друг ден додека не се задоволи правдата“.
Пред една година на денешен ден во Нови Сад, 16 лица загинаа, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан се уште не е утврдена.
Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот претпладне и притоа загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца – на возраст од шест, 10, 16 и 17 години, додека три лица беа тешко повредени. Меѓу загинатите беше и еден Македонец.
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска во Нови Сад, со почеток во 10 часот наутро, ќе се одржи ненајавен јавен собир по повод годишнината од трагедијата кога 16 граѓани загинаа како резултат на падот на настрешницата на железничката станица во овој град.
„За време на пикот на тој ненајавен јавен собир, на подрачјето на градот Нови Сад, од 11:52 до 12:08 часот, присутни беа околу 39.000 граѓани, кои пристигнаа во Нови Сад од цела Србија“, соопшти МВР на Србија.Тие потврдија дека во претходниот дел од овој јавен собир немало инциденти или интересни безбедносни настани.
Студенти и граѓани со денови пешачеа од различни делови на Србија за да им се придружат на студентите од Нови Сад во оддавањето почит на жртвите.
Комеморативниот собир помина мирно, а за време на говорот, Дијана Хрка, мајката на загинато момче од падот на бетонската настрешница, најави штрајк со глад и го повика претседателот Александар Вучиќ да распише избори.
МИА
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
