-->
-->
Миркуловски најави збогување со репрезентацијата по Мундијалските квалификации
-->

Долгогодишниот ракометен репрезентативец, Филип Миркуловски најави повлекување од дресот на Македонија.
Видно разочаран по неуспехот Македонија да се пласира на ЛОИ во Рио, Миркуловски ја изнанади целокупната македонска јавност, пред се ракометна, дека по јунските квалификации за Светското првенство во Франција 2017 година, ќе се повлече од репрезентацијата.
„Излезе сосема поинаку од она што очекувавме, неславен крај на оваа генерација. Можеби со квалитет сме добри, но за вакви натпревари потребно е нешто повеќе. Едноствано, не го издржавме притисокот. Баражот во јуни ќе биде мое последно во репрезентација. Редно време е младите да се приклучат, веќе немам ни здравје, а и притисокот е преголем. Ќе дадам сѐ од себе да се пласираме на Мундијалот и младите да покажат што знаат таму“, изјави Миркуловски по поразот од Тунис кој значеше крај на надежта за поискусната генерација на македонски ракометари, да ја завршат својата кариера со настап на Олимпијадата.
Пред неколку дена и официјално долгогодишниот чувар на мрежата на Македонија, Петар Ангелов се повлеже од репрезентацијата, која по денешниот меч со Чиле ќе ја напушти и хрватскиот тренер Ивица Обрван. ИТ/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
