Мирен протест кај „Сити Мол“ за загинатата Викторија Николова
Мирен протест под мото „Стоп за сообраќајното насилство“, се одржа денеска, на раскрсницата кај Сити Мол на местото каде пред десетина дена младата Викторија Николова од Радовиш го загуби животот, откако беше прегазена.
На собирот учествуваа околу 200 луѓе, вклучувајќи го семејството на загинатата девојка, а на местото на несреќата беа положени цвеќиња и запалени свеќи.
![]()
Претходно протестот беше најавен преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
-Достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи. Нашата цел е единствена, а тоа е да се стави КРАЈ на бeзобзирното возење низ улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно, стои во најавата за протестот.
Двасесет и четири годишната Викторија Николова вечерта на 20 јануари беше прегазена на пешачки премин на раскрсницата, кај „Сити Мол“ преминувајќи го булеварот Партизански Одреди, откако во неа удри возило Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје. Таа почина на самото место, а во сообраќајката се здоби со полесни повред нејзиното момче Л.Д. (1997) од Радовиш..
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
