Минувач во Истанбул побара од Ердоган да го назначи за премиер

Повлекувањеот на турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги заостри апетитите на многумина во земјата и додека блиските луѓе до претседателот Реџеп Таип Ердоган имаат најголеми шанси да седнат на неговот место, обичните луѓе се подготвени самите да си ја пробаат среќата, пренесуваат француските медиуми.
Користејќи го кусото запирање на колоната возила на Ердоган на една од улиците во Истанбул утринава еден случаен минувач „му ја поднесе својата кандидатура“ на шефот на државата, упатувајќи го кон него необичното прашање: „Шефе, можеш ли да ме направиш премиер? Нема да најдеш попосветен од мене!“
Слика од сцената, веќе лиферуваа турските меидуми, а на неа се гледа Ердоган, како малку убеден од овој аргумент ги поздравува минувачите, кога неговото возило запира пред еден штанд за симити.
Сцената предизвика забава и шеги на социјалните мрежи.
„За жал, нашиот народ сака да биде воден како стадо“, изрази жалење еден корисник на Интернет, додека друг ја потенцира проницливоста на анонимниот кандидат: „Тој разбира се“, напиша твотерџијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
