Минусни утрински температури во цела држава
Во цела држава изутрина во седум часот се регистрирани минусни температури, а најстудено е во Берово каде се измерени – 12 степени, по што следат Маврово со – 11, Лазарополе, Тетово и Скопје-Петровец – 9. Во Крива Паланка, Струмица, Битола, Прилеп и Демир Капија температурата – 8, Претор – 7, Скопје Зајчев Рид, Виница, Дебар, Куманово, Крушево – 6, Охрид и Тополчани – 5, а 0 степени во Дојран, Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На Маврови Анови има 12 сантиметри снежна покрива, а три на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде сончево и студено особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе стивнува. Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 8 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 4 степени.
Автомотосојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државнита патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи