Минусни температури во Берово, Битола, Демир Капија и Кавадарци
Најниски температури утрово се измерени во Берово - 5 степени, во Битола - 3, во Демир Капија - 2 и - 1 степен во Кавадарци, Прилеп и Куманово.
Во Штип, Маврово, Крива Паланка, Скопје и Дебар се измерени 0 степени, во Охрид еден, во Претор и во Гевгелија два степени, во Лазарополе и Виница четири, на мерната станица во Пожаране пет, во Дојран шест и во Крушево седум степени.
Времето утрово е ведро, студено и тивко. Во Демир Капија и дел од Скопската котлина има појава на утринска магла.
До крајот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб променлив ветер. Во одделни котлини претпладне ќе има услови за слаба утринска магла. Максималните температури ќе се во интервал од 16 до 22 степени.
Во Скопје сончево со слаб променлив ветер и со температура до 18 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и претежно сончево време, со услови за слаба магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат. Од четврток попладне ќе започне да дува слаб, а за време на викендот и умерен северен ветер.
Ново на Сител
-
Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина
-
Eвропските лидери за можноста за испраќање мировници во Украина
-
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава
-
Без струја утре дел од Општина Аеродром
-
Владата утре ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности
-
Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
-
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец