Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за војната во Украина
Министрите за одбрана на НАТО денеска ќе се соберат во Брисел на дводневен состанок на кој ќе разговараат за поддршката за Украина, напорите на Алијансата да ги надополни резервите на оружје и муниција и подобра заштита на подводната инфраструктура.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ќе им се придружи на министрите на НАТО во вторник попладне, како и на состанокот предводен од САД утрово на околу 50 земји за координирање на испораката на оружје за Украина, јави ДПА.
Се очекува Резников повторно да повика за испорака на борбени авиони, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски се заложи за набавка на авиони за време на неговата посета на белгискиот главен град минатата недела. Денеска не се очекува одлука за испорака на авиони.
НАТО директно не обезбедува смртоносно оружје за Украина. Генералниот секретар Јенс Столтенберг вчера сепак повика на брза испорака на муниција, гориво и резервни делови во Украина.
Прашањето како да се зголемат производствените капацитети за муниција е исто така на дневен ред бидејќи континуираното снабдување со Украина ги оптоварува сопствените резерви на Алијансата.
Министрите, исто така, треба да разговараат за напорите за подобра заштита на критичната подводна инфраструктура по наводните саботажи на гасоводот „Северен тек“.
Утре фокусот ќе биде ставен на зајакнувањето на присуството на НАТО во источна Европа, таканареченото источно крило.
Ново на Сител
-

СДСМ: Ние сме единствена партија која е за зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Петрушевски: Случајот со хеликоптерите е доказ за криминал и корупција во владеењето на СДСМ
-

„Парите во ѕидот се наши, кога ќе останеше некоја паричка ја ставав во дупчето“ - сведочеше мајката на Ѓоко Ристов
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
