Министрите од ЕУ одобрија распределување на 40.000 бегалци во земјите од Унијата

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ го одобрија распределувањето во следните две години на 40.000 баратели на азил, кои се наоѓаат во Грција и Италија, низ земјите од Унијата.
- Оваа одлука е времен и вонреден механизам за преселување на мигранти од Италија и Грција во други земји-членки во рок од две години. Тоа ги опфаќа лицата, кои имаат потреба од меѓународна заштита, а кои пристигнале и ќе пристигнат на територијата на двете земји во периодот меѓу 15 август 2015 година и 16 септември 2017 година, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Државите од ЕУ ќе добијат по 6.000 евра за секој прифатен мигрант. Данска и Велика Британија не учествуваат во оваа одлука, се вечи во соопштението.
- Тоа е важна политичка порака. Сега префрлањето на првите мигранти, кои имаат потреба од меѓународна помош, може брзо да почне, изјави луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн.
Прераспределувањето е доброволно и други земји од ЕУ досега ветиле да прифатат 32.256 баратели на азил. Целта е да се достигне бројката од 40.000 до крајот на годинава. Министрите разгледуваат, исто така, распоредување на уште 120.000 бегалци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
