Македонија
13. July 2023 - 19:42

Министрите од Австрија, Чешка и Словачка со порака: Без уставни измени земјата ќе биде изолирана

Македонија да ја искористи единствената шанса ако сака да го продолжи интегративниот пат. Не постои начин да се избегнат уставните измени, решението мора да произлезе од Скопје, а не од Брисел - министри на Словачка, Австрија и Чешка задоволни од средбите со македонските политичари. Сите ја разбрале пораката на високиот европски претставник Борел, дека нема да има друг договор со Унијата.

Брисел нема гаранции дека и по завршување на уставните измени Македонија ќе биде заштитена од нови блокади. 

Прашање на национален консензус е донесувањето на уставните измени. Но распишувањето на избори , можат да бидат контрапродуктивни во моментов, вели министерот Влаховски. 

Од опозицијата пак им порачале на тројцата министри дека дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не поддржува уставни измени под бугарски диктат со уцени и нови барања. Опозицискиот лидер им посочил дека избори се единствено решение. Претходно Мицковски порача дека за него е навреда да се зборува за уставни измени. 

Министерот Османи  очекува дека опозицијата ќе попушти пред аргументите на ЕУ. Тој не очекува нови вета од Бугарија.  Гарант на  преговарачката рамка е Брисел, а тоа не може никој да го промени и покрај негативната реторика од Софија.

Тројцата министри повикаа македонскиот парламент мудро да реагира, доколку Македонија сака да ја започне втората меѓувладина седница, која ќе значи продолжување на процесот.