Министрите Габриел и Коендер доаѓаат во Тирана поради политичката криза

Неделава што почнува за Албанија ќе биде една од најзначајните поради пораките кои ќе ги испрати меѓународниот фактор: Ќе биде одлучувачка недела за тоа како ќе се одвиваат преговорите за дијалог, кој треба земјата да ја извлече од длабоката политичка криза.
Денеска Тирана ќе ја посетат двајца значајни европски функционери, шефовите на германската и холандската дипломатија, Сигмар Габриел и Берт Коендер.
- Тоа се двајца од најзначајните европски дипломати кои ја поддржуваат европската перспектива на Албанија, но исто така бараат од Албанија да ги реализира обврските за започнување на преговорите, реформата во правосудството, учество во институциите и вопсоставување дијалог за во земјата да се обезбедат избори според европските стандрарди, наведува тиранската телевизја Топ чанел.
Во иста мисија во Тирана се очекува да допатува и Дејвид Мекалистер, претседавач со Комисијата за надворешни работи на ЕП.
Денот кога тој ќе допатува во Тирана не е познат, но се знае дека потпретседателот на Европските народни партии ја прифатил поканата на главните политички партии да биде олеснувач во разговорите за излез од политичката криза по пат на дијалог.
Мекалистер е член на Демократската партија на Ангела Меркел, дел од Европските народни партии .
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
