Балкан
17. April 2017 - 9:38

Министрите Габриел и Коендер доаѓаат во Тирана поради политичката криза

Неделава што почнува за Албанија ќе биде една од најзначајните поради пораките кои ќе ги испрати меѓународниот фактор: Ќе биде одлучувачка недела за тоа како ќе се одвиваат преговорите за дијалог, кој треба земјата да ја извлече од длабоката политичка криза.

Денеска Тирана ќе ја посетат двајца значајни европски функционери, шефовите на германската и холандската дипломатија, Сигмар Габриел и Берт Коендер.

- Тоа се двајца од најзначајните европски дипломати кои ја поддржуваат европската перспектива на Албанија, но исто така бараат од Албанија да ги реализира обврските за започнување на преговорите, реформата во правосудството, учество во институциите и вопсоставување дијалог за во земјата да се обезбедат избори според европските стандрарди, наведува тиранската телевизја Топ чанел.

Во иста мисија во Тирана се очекува да допатува и Дејвид Мекалистер, претседавач со Комисијата за надворешни работи на ЕП.

Денот кога тој ќе допатува во Тирана не е познат, но се знае дека потпретседателот на Европските народни партии ја прифатил поканата на главните политички партии да биде олеснувач во разговорите за излез од политичката криза по пат на дијалог.

Мекалистер е член на Демократската партија на Ангела Меркел, дел од Европските народни партии .