-->
-->
Министерството за здравство ќе ги утврдува околностите за тврдењето дека е исчезнато бебе
-->
Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија, за наводно исчезнато бебе, за кој објавија дел од медиумите, Министерството за здравство со допис информира дека е разговарано со директорката на Клиниката.
- По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста, наведуваат од Министерството за здравство.
Дел од медиумите објавија изјава на татко кој тврди дека е исчезнато неговото женско новороденче. Според него, бебето што го видел вчера по раѓањето не е истото што му било покажано денеска, затоа што било означено со погрешно презиме. Поради тоа, тој се сомнева дека тоа новороденче е неговата ќерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови
-
Негативен природен прираст на истокот