Министерството за правда ја комплетира документацијата за екстрадиција на Груевски
Заев тврди дека нема таен договор со Груевски.
- Остро и категорично отфрлам шпекулации за некаков договор со Никола Груевски, изјави Зоран Заев.
Но не гледа ниту некаква вина во владата и институциите што Груевски не е во земјава.
- Постапено е по закон на најдемократски начин, ова не е срам за владата, Груевски избега како кукавица, додаде премирот Заев
Премиерот уверува дека Груевски ќе биде екстрадиран во земјава. Лично не разговарал со Орбан, но комуницирале министерствата за внатрешни и правда.
- Не може земја членка на ЕУ да не почитува меѓународно право, , верувам дека ќе постапат според законите независно од личните пријателства, вели Зоран Заев
Заев вели дека во тек е проверка на постапувањето и евентуалните пропусти на граничната полиција. Првиот човек на МВР веќе излезе со тврдење дека Груевски не ја напуштил земјата на некој од официјалните гранични премин туку најверојатно во некоја од зелените зони каде чувањето е патролно. Најави и проверки за постапувањето на полициското обезбедување на поранешниот премиер кое последен пат со Груевски контактирало во четвртокот пред полноќ.
-

Славица Арсова
Сите содржини од овој новинар
