Министерство за правда: За девет месеци 14 реформски закони
Во 2023 година се донесени пет закони, а девет ја поминаа владината процедура, соопшти Министерството за правда, сумирајќи ги резултатите од сработеното во делот на легислативата.
Законите за амнестија на прекршителите на КОВИД протоколите и за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матична евиденција се подготвени од Министерството, а на негов предлог се донесени и законите за вештачење, за Академија на судии и јавни обвинители и за адвокатура.
Девет предлог закони, пак, чиј предлагач е Министерството за правда, ја имаат поминато владината процедура.
Како [то е наведено во соопштението станува збор за Предлог законот за спорт, Предлог законот за помилување, Предлог законот за Канцеларија за поврат на имот, Предлог законот за измени и дополнување на закон за извршување на санкции, Предлог законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба, Предлог законот за изменување на законот за судска служба, Предлог законот за правобранителство, Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Закон за правда за децата.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава