Македонија
20. December 2023 - 14:26

Министерство за правда: Уставниот суд прифати уште две иницијативи поднесени од министерот Лога

Уставниот суд  донесе уште две одлуки за укинување на Правилник и Решение за кои од страна на судот беше оценето дека е пречекорен уставниот рок за објавување во Службен весник, а кои беа оспорени со иницијативи поднесени од страна на министерот за правда Кренар Лога.  

Со овие одлуки на Уставниот суд, бројот на укинати Правилници за кои беа поднесени 20 иницијативи се зголеми  на  вкупно 5 Правилници и 1 Решение, односно вкупно 6 прописи кои беа оспорени и за кои  од страна на судот е “оценето дека е пречекорен уставниот рок за објавување предвиден во член 52 од Уставот”.

Министерство за правда