Министерство за култура изрази жалење за негаторскиот однос на СДСМ за сопствената историја
Министерството за култура во денешната писмена реакција изразува длабоко жалење поради, како што е наведено, негаторскиот однос на Алаѓозовски и СДСМ кон македонското културно наследство и сопствената историја.
- Покрај веќе прочитаното сценарио кое подразбира изнесување на лажни и прозволни податоци кои како и обично, немаат никаква врска со реалноста, Алаѓозовски и СДСМ на денешната прес-конференција го допреа дното во обидот да го омаловажат денешниот празник 23 Октомври - Денот на Револуционерната борба, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Оттаму посочуваат дека граѓаните на Република Македонија, за жал досега многу пати беа сведоци на таканаречената “грижа” на Алаѓозовски и СДСМ кон сопствената историја. - Сквернавењето на рељефот во спомен на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, уништувањето на плочите во чест на македонското револуционерно движење, како и сквернавењето на рељефите со мотиви од Народноослободителната војна, се најдобар показател за одност на Алаѓозовски и СДСМ кон сопствената историја и култура, се наведува во соопштението.
Алаѓозовски и СДСМ, како што посочуваат од Министерството за култура, немаат право да говорат во името на граѓаните, од причина што во декадата на своето владеење со Република Македонија, не изградија ниту еден единствен споменик од културата за граѓаните на кои денес се повикуваат.
- Единствените споменици што Алаѓозовски и СДСМ ги оставија зад себе се над 600 затворени фабрики и над двеста илјади луѓе оставени без работа и истерани на улица, се посочува во писмената реакција и се додава дека министерството за култура и понатаму ќе продолжи да ги реализира своите заложби за унапредување на состојбите во сите сегменти од областа на културното живеење како и досега, во корист на сите граѓани на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот