Министерствата за здравство на Македонија и на Кина ќе ја унапредуваат соработката
Заменик - министерот за здравство, Јовица Андовски, денеска во Министерството за здравство оствари средба со неговиот кинески колега Ванг Пејан, со кого станало збор за продлабочување на соработката меѓу двете држави, со посебен фокус на унапредување на здравствената заштита на постарите лица, како и здравствената заштита на мајките и децата.
Како што соопшти Министерството за здравството, кинеската делегација била запознаена со работата на Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип и изразила поддршка за идните планови за развој на овој Центар, кој е основан во рамки на проектот на Владата со поддршка од Министерството за здравство за развој на оваа дејност во Македонија, и се применуваат методи и техники како во Кина.
На средбата, како што е наведено во соопштението, било заклучено да се продолжи и унапреди соработката започната во рамки на Вториот состанок на министрите за здравство на 16 држави од Централна и Источна Европа и Кина, кој неодамна се одржа во Суџоу, провинција Џиангсу и во Шангај во Народна Република Кина, во организација на кинеската Национална комисија за здравство и планирање на семејството.
За време на престојот во Република Македонија, делегацијата од Кина оствари посети на повеќе јавни здравствени установи, меѓу кои Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Геронтолошки завод „13 Ноември“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп