Министерствата ќе објавуваат документи за поголема транспарентност

Министерствата треба во рок од 15 дена на своите веб-страници да објават листа на 21 документ со цел поголема транспарентност и отчетност на државните органи пред граѓаните, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
- Анализите спроведени во 2016 година покажуваат дека во поглед на отвореноста на извршната власт во регионот, Македонија се наоѓа на последното место со исполнување на само 36 проценти од индикаторите во истражувањата. Имајќи ја предвид целта на Владата за транспарентност и отчетност во своето работење, се наметна потребата веднаш да се преземат конкретни мерки за да се подобри оваа ситуација, истакна министерот Манчевски.
Предложениот сет на документи што треба јавно да се објават се унифицирани и важат за сите министерства со исклучок на Министерството за одбрана и МВР кои нема да ги објавуваат плановите за јавни набавки, Правилникот за внатрешна организација, Правилникот за систематизацијата на работните места и списокот на вработените.
- Отвореноста на институциите претставува клучен услов за демократијата. На овој начин на граѓаните им се овозможува да добиваат информации кои им се неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, учество во донесувањето на одлуките и барање на одговорност од институциите. Исто така, ќе овозможи на сите заинтересирани страни вклучително и на медиумите непречено да вршат реална и навремена анализа на работата на институциите, рече Манчевски.
Обврската за објава на листата на документи објавена на веб-страниците на министерствата подразбира и нивно редовно ажурирање.
Наскоро, како што најави Манчевски, вакви листи на документи ќе треба да објавуваат и останатите органи на управата за кои засега се прават детални анализи за евентуални сензитивни информации и податоци кои може да се однесуваат за одредени институции.
Во врска со измените на Законот за административни службеници, министерот Манчевски информира дека Предлог-измените веќе ќе се најдат на следната владина седница, а потоа ќе влезат и во собраниска процедура.
- Динамиката не зависи од нас, зависи од случувањата во Собранието, рече Манчевски одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
