Министерот за внатрешни работи именуван за премиер на Грузија

Владејачката партија Грузиски сон го именува министерот за внатрешни работи Гиорги Гахари на функцијата премиер, јавија денеска руските медиуми повикувајќи се на изјава на претседателот на партијата.
Грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе вчера поднесе оставка, истакнувајќи дека ја исполнил својата мисија.
– Создадена е рамката за развој и затоа одлучив да поднесам оставка, бидејќи верувам дека досега ја исполнив својата мисија, напиша тој на Фејсбук профилот.
Бахтаѕе им се заблагодари на сите министри и на основачот на владејачката партија Грузиски сон, Биѕина Иванишвили за поддршката и соработката, нагласувајќи дека останува нејзин член.
Бахтаѕе ја предводеше Владата на Грузија од јуни 2018 година, а претходно беше министер за финансии.
Според законот, по оставката на премиерот, целиот кабинет поднесува оставка. Министрите ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски додека не се формира нова влада.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
