Министерот за надворешни работи на Црна Гора Дармановиќ во посета на Македонија
Mинистерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Како што соопштија од МНР, предвидено е шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со црногорскиот колега да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори меѓу делегациите на Mакедонија и на Црна Гора, на кои се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, како и за евро-атлантските интегративни процеси.
Во рамки на посетата предвидено е министрите да потпишат Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора, за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.
Предвидено е, утре, на свечена церемонија, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, во Битола на Дармановиќ, да му ја додели титулата Почесен доктор на науки
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии