Министерот Спасовски се сретна со словачкиот амбасадор Безак
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Словачка Република Мартин Безак.
На средбата, како што соопшти Министерството за внатрешни работии, двајцата соговорници разговарале за мигрантската криза, улогата на МВР во обезбедувањето фер и кредибилни избори на 11 декември и соработката со Специјалното јавно обвинителство.
Министерот Спасовски изразил благодарност за досегашната помош и поддршка од страна на Словачка и изразил надеж дека соработката ќе продолжи. Амбасадорот Безак, пак, најавил дека оваа, како што рекол, пријателска земја до крајот на овој месец ќе обезбеди техничка помош за Министерството за внатрешни работи, со цел да и се помогне на македонската полиција во справувањето на проблемот со мигрантите.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка