Mинистерот Попоски во посета на Ватикан

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Ватикан се сретна со секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.
На средбата, соопшти МНР, централно место зазеде перспективата на билатералните односи меѓу Република Македонија и Светата Столица.
Двете земји во изминатите две децении негуваат односи на пријателство, заемно разбирање и поддршка, базирани на значајни историски врски, заемно споделени духовни и културни вредности и традиции, оценија министрите Попоски и Галагер.
Во таа насока, како што се наведува, заеднички беше констатирана конструктивната улога на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог, почитувањето на верските слободи, како вредносен фундамент на општествениот соживот.
На средбата беа разгледани можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји преку низа предлози и иницијативи кои во наредниот период ќе внесат засилена динамика во меѓусебните релации, пред се, во сферата на културата, размена на искуства во заштитата на црковното наследство, образованието и здравството.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
