Македонија
18. September 2024 - 10:48

Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, информираат од Министерството.

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на неговото заминување од функцијата Генерален Секретар на НАТО. По повод денот на независноста, во седиштето на НАТО во Брисел, ќе биде организиран прием, на кој министерот Муцунски се обрати пред дипломатскиот кор и поканетите гости.

Во рамки на работната посета, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе оствари работни средби со високи претставници на институциите на Европската Унија.