Министерот Милевски ќе ја посети општина Демир Хисар
– Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ќе ја посети општина Демир Хисар и ќе се сретне со градоначалникот Никола Најдовски.
Милевски и Најдовски, како што информира Министерството за локална самоуправа, ќе дискутираат за проектот „Подобрување на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно богатство“.
Главна цел на проектот е придонес кон намалување на негативните влијанија и подобрување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион и постигнување поголема отпорност на климатските промени. Со проектот се набави современо противпожарно возило за потребите на ТППЕ Демир Хисар.
Вкупната вредност на проектот изнесува 7.999.220 денари од кои 2.000.000 денари се кофинансирање од општина Демир Хисар, а останатите средства се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година на Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
