Министерот Лутфиу го посети ОУ „Наим Фрашери“ каде се гради спортска сала
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска го посети ОУ „Наим Фрашери“ во Студеничани за да се запознае со текот на градежните работи на спортската сала во склоп на училиштето.
Како што соопшти МОН, салата се гради на површина од 1300 квадратни метри и ќе има модерни трибини. Изградбата, која изнесува над 40 милиони денари, се очекува да заврши до крајот на следната година.
- Целта на изградбата на овие спортски објекти е да се подигне свеста кај учениците и младите дека само преку спортските активности можат ги усовршат вештините на спортот, истакнал Лутфиу.
Тој потсетил и на две други инвестиции - инсталираното централно греење во подрачното училиште „Наим Фрашери“ во село Моране и изградената спортска сала во ОУ „Алија Авдовиќ“ во село Батинци.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа