Министерот Лога ја поздравува одлуката на Уставниот суд и очекува судот да постапува ажурно и за останатите прописи
Министерот за правда Кренар Лога ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се укинува Упаството за водење на матичните книги и порача дека очекува „судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи“.
Ваквата реакција од министерот Лога доаѓа откако на денешната седница Уставниот суд, со мнозинство гласови го поништи Упатството за водење матични книги потпишано од него во мај годинава, ценејќи дека одлуката е спротивна на Уставот. Според Уставниот суд, не бил испочитуван законски утврдениот рок за објавување во службен весник.
- Министерот за правда Кренар Лога ја поздравува одлуката на Уставен суд и очекува судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во Службен весник, се вели во соопштението од Министерството за правда.
Уставниот суд на денешната седница донесе Одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт донесен од Министерството за правда.
Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска на денешната прес-конференција информираше дека Одлуката е донесена со мнозинство гласови и ќе биде објавена во Службен весник.
- Кога Уставниот суд донесува поништувачка одлука, тоа значи дека одлуката има ретроактивно дејство, сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува, појасни Беловска.
Таа посочи дека Упатството е поништено бидејќи Судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство.
Уставниот суд на на 5 јули 2023 година по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки