Министерот Кучи се сретна со новиот француски амбасадор Кристијан Тимоние
Министерот за економија Дритон Кучи денеска оствари средба со новоименуваниот француски амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.
Кучи и Тимоние, како што соопшти Министерството за економија, ја оцениле економската соработка меѓу Македонија и Франција како успешна, со голем потенцијал за нејзино продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивен ангажман во изградба на енергетските капацитети, како и зголемување на бројот на туристи од Франција во нашата земја.
Министерот Кучи се заблагодарил за постојаната поддршка што Република Франција ја дава на Република Македонија, вклучувајќи го и интересот за проектите кои се во надлежност на Министерството за економија. - Македонија е дел од Европа, но и понатаму ни е потребна поддршката на Франција за зачленување во ЕУ и НАТО, изјавил министерот Кучи.
Амбасадорот на Франција го поздравил успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и изразил уверување дека Франција ќе остане посветена на продлабочување на економската соработка и ќе продолжи со поддршката на Република Македонија на нејзиниот европски пат.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости