Македонија
22. July 2015 - 8:30

Министерот Ивановски во работна посета на Брисел

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на посетата ќе оствари средба со еврокомесарот за дигитална економија и општество Гинтер Отингер, како и со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за добрососедска политика и за преговори за проширување Жан Ерик Паке. 

Министерот Ивановски посетата на Брисел ќе ја искористи и за средби со високи претставници на програмите на Европската Унија, COSME, HORIZON 2020 и Enterprise Europe Network, во насока на подобро искористување на можностите од овие програми од страна на Република Македонија.