Министерот Хасан во Бурса: Потребно е унапредување на економските односи преку раст на трговската размена и инвестициите

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан во Бурса оствари работна средба со Стопанската комора на Бурса, на која присуствуваа повеќе од 100 стопанственици, а повеќето од нив беа иселеници од Северна Македонија и Балканот, соопшти кабинетот на Хасан.
Од кабинетот посочија дека на средбата била одржана презентација во која се претставени условите за инвестирање во Северна Македонија и предностите на ТИРЗ зоните и бил искажан огромен интерес.
– Министерот порача дека е потребно да се унапредат економските односи преку зголемување на трговската размена и инвестициите. Заедничката цел на двете земји е бројката на трговската размена да стигне до милијарда долари, а моментно бројката изнесува околу 500 милиони долари, во таа насока министерот Хасан ги повика да инвестираат во нашата земја каде што бизнис климата е погодна и постојано се подобрува, информираа од кабинетот на министерот.
Министерот, при посетата, остварил работна средба и со градоначалникот на Бурса, Алинур Акташ и гувернерот на Бурса, Јакуп Џанболат.
– На средбите беше истакната поддршката која Република Турција и ја дава на Северна Македонија во процесот на евроатлантските интеграции. Република Турција била најсилен сојузник на Северна Македонија уште од независноста на земјата, а од тогаш билатералните односи и соработката се одлични, посочија од кабинетот на Хасан.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
