Македонија
15. September 2019 - 12:13

Министерот Филипче ќе присуствува на протестот против насилство врз медицинарите

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека ќе присуствува на протестот закажан за среда против зачестеното насилство врз медицинските лица и останатиот персонал вработен во установите.

На денешната прес- конференција  министерот рече дека почнале да превземаат мерки за да не се случуваат инциденти во иднинна , исто така повтори дека и за утре ќе имаат координација со Министерството за правда  и Министерството за внатерешни работи,  а ќе започнат и едукативна кампања за  стоп за насилствопѕто во болниците и клиниките.

Тој повтори  дека ќе има обезбедување во 4 -те најкритични Клиники и дека полиција ќе партолира почесто околу старата Градска болница. 

Од друга страна од асоцијацијата на млади лекари  и специјализанти рекоа дека не се задоволни што само во овие четири установи ќе има професионално обезбедување. Според нив потребно е систематско решение во секоја болница и клиника  да има засиленио обезбедување. 

Револтот ќе ќе го изразат во кругот на Клинички во среда во 11 часот. 

Нивниот настан предизвика голем интересн на социјалните мрежи и најавен е голем интерес од страна на лекрарите.

Александар Динев