Македонија
27. April 2018 - 8:47

Министерот Фазлиу во посета на Бугарија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска ќе простојува во Софија на покана на неговиот бугарски колега, министерот за регионален развој и јавни работи Николај Нанков.

На работниот состанок, како што информираат од МЛС, двајцата министри ќе разговараат за формите за продлабочување на соработката меѓу двете министерства, а работна група ќе работи на утврдување на содржината на Меморандум за соработка кој што ќе биде потпишан во Скопје.