-->
-->
Министерот Едмонд Адеми на комеморативна церемонија за претседателот Жак Ширак
-->

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, придружуван од aмбасадорката на Република Северна Македонија во Франција, Јадранка Чаушеска Димов, како претставници на Владата на Република Северна Македонија, утре во Париз ќе присуствуваат на комеморативната церемонија по повод смртта на поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, соопшти владината прес-служба.
Претседателот Жак Ширак, се вели во соопштението, беше голем пријател на нашата земја и поддржувач на нашата европска и евроатлантска иднина. Неговата заложба за интегриран Балкан беше важна политичка поддршка во тоа време. Како Претседател на Франција во 2005 година, ја афирмираше поддршката за доделување на кандидатски статус на нашата земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
