Министерот Димитров во дводневна работна посета на Атина
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска ја започнува дводневната работан посета на Атина, по поканата од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас за учество на академска конференција по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии на атинскиот Универзитет Пиреас, јави дописничката на МИА од Атина.
Димитров, како што соопштуваат од МНР, денеска ќе има куртоазна средба со претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, додека пак утре напладне ќе се обрати на конференцијата „Грчката надворешна политика во 21 век“.
Министерот за надворешни работи ќе има обраќање на панелот „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран“, заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.
Во рамките на работната посета на Атина, предвидена е билатерална средба на Димитров, со неговиот грчки колега Јоргос Катругалос.
-Мојата катедра за меѓународни и европски студии подготвува конференција во март за 20 годишното постоење. Тоа е најголемата катедра за меѓународни и европски студии во цела јужна Европа и во целиот Медитеран, и за 4 години откако јас започнав како министер за надворешни работи и го поканивме да дојде на 15 и 16 март, да дојде, на последната тркалезна маса на која ќе разговараме за иднината на Балканот. На катедрата имаме и добри експерти за Балканот, ќе поканиме и од Солун добри слависти. Се надевам ќе дојде, рече тогаш Коѕијас во разговорот со дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа преговори Русија – САД во Ријад
-
Разрешувањето на Коцевски денеска на Влада, Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од раководител на Вишо јавно обвинителство
-
СДСМ ја повика власта да ги поддржи законите за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ: Несериозни се предлозите на СДСМ кои ги покачија сите цени
-
За да се дефинира конечната вредност, потребна е анализа на структурата на цената на еден производ, сметаат економисти
-
Левица и ВМРО-ДПМНЕ се скараа кое собраниско тело да ја организира надзорната расправа за загадувањето