Министерот Амети во посета на Кањонот Матка, акција за чистење и уредување на просторот
Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, денеска го посети локалитетот Кањон Матка, каде што на негова иницијатива се спроведува акција за чистење и уредување на просторот.
Покрај собирање на неправилно одложениот отпад и обезбедување на дополнителни канти за отпадоци, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, акцијата има за цел и подигање на јавната свест и развивање добри навики кај посетителите за постапување со комуналниот отпад.
- Ова треба да допринесе за почиста и зачувана животна средина во овој преубав локалитет кој воедно е и споменик на природата, стои во соопштението.
Во акцијата се вклучиле јавните комунални претпријатија од Град Скопје и од општина Сарај, претставници од АРМ, како и волонтери од општината и околните населени места.
- Отпадоци се собираа на и околу кајакарската патека покрај реката Треска, до браната на кањон Матка, а во тој потег се поставени шест нови клупи и 20 канти за отпад обезбедени од колетивниот постапувач со отпад „Пакомак“, се појаснува во соопштението.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото